Top Sport

„Мундо“: Ерик Гарсија прво засилување за Барса во 2021 година

Барселона го носи на „Ноу Камп“ дефанзивецот на Манчестер Сити, Ерик Гарсија и тоа уште во зимскиот преоден рок, пишува шпански „Мундо Депортиво“.

Според информациите, Гарсија одбил да го продолжи договорот со „граѓаните“ и сака да се врати во клубот од каде што замина како 16-годишник.

Летоска Каталонците може да го доведат без отштета, но Барса го сака фудбалерот уште во јануари поради проблемите со повредите на дефанзивците во тимот.

Сити од Барселона бараше 10 милиони евра плус 10 милиони низ бонуси, но на крајот 19-годишниот играч ќе заврши во старо-новиот клуб за 5 милиони евра.

Наводно, со Барселона ќе потпише договор на 5,5 години.

За Сити Гарсија одигра 30 меча, а сезонава настапи на само седум натпревари.

Scroll to Top