Тома Муние се наоѓа на списокот на Чави Ернандез, како потенцијално засилување за на Барселона. Каталонците до крајот на преодниот рок ќе се обидат да донесат нов играч на позицијата десен бек.
Откако им отпадна комбинацијата со Хуан Фојт од Виљареал, медумите шпекулираат дека Барселона ќе се обиде да го донесе Белгиецот, Муние.
Приказните за неговата желба да ја напушти Борусија Дортмунд играчот ги нарече „пропаганда“. Директорот на Борусија, Себастијан Кел изјави дека не добиле понуда за Муние и не планираат да го продадат.