Белгискиот фудбалер, Томас Муние жестоко го нападна сега веќе поранешниот клу, францускиот шампион ПСЖ откако летово направи трансфер во Германија, во Борусија Дортмунд.
Тој јавно „удри“ по спортскиот директор на „Светците“, Леонардо.
„Париз ја контактираше Борусија, но не сакаа ништо да платат, што се разбира е потполно невозможно. Имајќи предвид дека јас сум веќе играч на Борусија, би морале да платат осигурување. Да бидам јасен, Леонардо никогаш не ни проба да постигне договор со Борусија, а не пак со мене. Сакаше да играм бесплатно, за кикирики“ – изјави Муние за германските медиуми.
ПСЖ пак има своја страна на приказната. Од клубот тврдат дека фудбалерот не сакал да го продолжи договорот.
Сепак, Муние вели дека тоа не е вистина.
„Писмено го известиле мојот адвокат дека веќе не сум добредојден во ПСЖ. Ми рекоа да се тргнам од клупските простории до крајот на договорот. Во телефонски разговор ми рекоа да внимавам што зборувам. Потполно го загубија чувството со реалноста“ вели 28-годишниот Белгиец.