Top Sport

Мунир се расправал за роденденската сметка од 16 илјади евра!

Напаѓачот на Барселона, Мунир ел Хадади го прославил својот 23. роденден со спектакуларна забава во Мадрид, но таа завршила со полициско присуство по расправијата за сметката од 16.000 евра во елитниот клуб „Тифани“.

Забавата на Мароканецот траела дури седум часа, и според весникот „Ел Мундо депортиво“, Мунир сметал дека сметката била „удвоена“. На забавата имало над 30 гости, кои јаделе и пиеле, но високата сметка наводно била поради носењето специјални наргилиња, кои не биле договорени на почетокот.

На крајот, откако била повикана полицијата, фудбалерот решил да не се расправа и ја платил сметката, иако клубот наводно му дал „попуст“ од 1.000 евра.

Scroll to Top