Најпријатното изненадување сезонава во Серија А, екипата на Аталанта од Бергамо потешко од очекувањата славеше победа со 1-0 против екипата на Болоња во рамки на 35. коло од Калчото.
Момците предводени од Гасперини овојпат не се размавнаа кон противничката мрежа како што го правеа тоа многупати сезонава, но стигнаа до целта.
Голот вреден злато на Муриел од 16 метри во 63 минута беше доволен против пулените на Синиша Михајловиќ кои и четврти меч во низа не знаат за триумф. Со само 2 удари во рамките на голот на Голини, Болоња не можеше да очекува повеќе.
Со оваа победа, Аталанта со 74 бода повторно го прескокна Интер („нероазурите имаат 72 и меч помалку) и се најде на втората позиција на табелата, веднаш зад лидерот Јувентус.
Болоња, пак, е десетта со 43 поени.