Top Sport

Мурињо: 300 милиони фунти не се доволни за титула

Жозе Мурињо вели дека неговото трошење на 300 милиони фунти во Манчестер јунајтед не е доволно за титула, по нови загубени поени, овојпат при 2:2 ремито со Барнли.

Џеси Лингард влезе како замена и постигна два гола за да спаси реми за Јунајтед, откако фаворитите губеа со 0:2 на полувремето. Мурињо повторно вели дека тимот немал среќа.

„Не знам како постигнуваат голови од слободен удар, од одбиена топка… Слични голови примивме и на претходните натпревари, а потоа сите се бранат 95 минути. Втор удар, втор гол. За ние да постигнеме два гола треба да играме на нивната половина 45 минути со само еден дефанзивец. Толку голема доминација, а два гола…“, вели Мурињо.

Кога му беше посочено дека потроши над 300 милиони фунти на тимот на Јунајтед во двете сезони кои е на клупата, Португалецот беше искрен.

„Тоа не е доволно. Сега сме во втората година од обидот повторно да изградиме фудбалски тим, за кој знаеме дека не е најдобриот на светот. Манчестер сити купуваат бекови за цена на напаѓач“, објаснува Португалецот.

Лингард спасуваше бод за Јунајтед против Барнли (видео)

Scroll to Top