Top Sport

Цонга не игра во Доха, патува директно во Австралија

Французинот Жо-Вилфрид Цонга се повлече од загревачкиот турнир за Австралија опен во Доха, Катар поради повреда на зглобот на раката, потврдија организаторите.

32-годишниот Цонга, кој е финалист од Мелбурн од 2008 година (кога загуби од Новак Ѓоковиќ), сепак, би требало да игра на првиот гренд слем од годината на Мелбурн Парк, кој стартува на 15 јануари.

Цонга, кој е 15. на АТП листата и го освои турнирот во Доха во 2012 година, се мачеше со повреда на десното колено во октомври, пред да се врати со одличен финиш на сезоната, победувајќи во Антверпен, стигнувајќи до финалето во Виена, и освојувајќи ја титулата од Дејвис купот со Франција.

Scroll to Top