Жозе Мурињо очигледно воопшто не се плаши од отказ од Манчестер јунајтед, иако букмејкерите го промовираа во еден од фаворитите за прерано напуштање на својата позиција оваа сезона.
По лошиот старт на сезоната, комбиниран во распадот на односите со Пол Погба и со потпретседателот на клубот, Ед Вудвард, ја направија позицијата на Мурињо многу нестабилна, но за италијанските медиуми, Мурињо јасно кажа што мисли.
„Ако ме отпуштат, знаете ли колку пари ќе треба да ми дадат? Тие велат дека јас сум во опасност, но не верувам во тоа“, вели 55-годишниот Мурињо за весникот „Ла република“.