Top Sport

Мурињо: Алексис Санчез беше тажен човек во Манчестер

Жозе Мурињо вели дека секогаш имал впечаток дека Алексис Санчез е „тажен човек“ додека му беше тренер во Манчестер јунајтед, но се надева дека тој може да ја врати формата во Интер.

Чилеанскиот напаѓач дојде од Арсенал во јануари 2018 додека Мурињо беше на чело на клубот, одбивајќи понуда од Манчестер сити, но не ја оправда огромната плата, со само 45 настапи во дресот на „ѓаволите“ пред да замине како позајмен фудбалер во Интер. Мурињо признава дека неговиот пристап не му помогнал бидејќи тој не бил среќен во клубот.

„Санчез… Чувствував дека тој не е среќен човек. И мислам дека на било кое работно место кога не си среќен не е лесно да даваш максимум. Можеби грешам. Можеби јас бев тој кој не успеав да го извлечам максиумот. Но, реалноста е тоа, секогаш кога ќе го видев си помислував: ’тажен човек’. Во Италија треба да се извади од таа ситуација и се надевам дека ќе успее“, вели Мурињо за „Телеграф“.

Scroll to Top