Иако неодамна го критикуваше за „лажните постови“ дека тренинзите одат добро, менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо вели дека е целосно убеден во способносите на Герет Бејл, и посочува дека неговото ограничено време на теренот е поради недостаток на физичка подготвеност.
31-годишниот Велшанец, кој се врати во својот стар клуб како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, имаше само еден старт во Премиер лигата и Мурињо се надева дека ќе има поголема улога во клубот.
„Тој не мора да ме убедува во ништо. Целосно сум убеден за неговите квалитети и само посакуваме да ги има минутите кои ги заслужува. Тоа е процес. Сакаме да биде подготвен на секој меч, но исто така знаеме дека е човек со специјални квалитети, како што видовте во 45 минути против Вест хем, може да влијае на играта. Уште не игра 90 минути бидејќи не е доволно подготвен, толку едноставно“, вели Мурињо.