Top Sport

Мурињо: Беше прекрасно, јас сум виновен за тензијата меѓу Лорис и Сон

Иако синоќа Тотенхем го победи Евертон со 1:0 во последниот меч од 33 коло во Премиерлига, мечот помина во сенка на инцидентот кој за малку можеше да прерасне во тепачка меѓу капитенот Уго Лорис и напаѓачот Хеунг Мин Сон. Соиграчите не дозволија посериозен инцидент.

Лорис по крајот на мечот објасни зошто го нападнал Сон на полувремето.

„Луѓето од страна можат да кажат што сакаат, но во соблекувалната почитта е на највисоко ниво. Тоа што се случи помеѓу мене и Сон е дел од фудбалот и такви работи се случуваат. Можевте да видите дека по крајот на натпреварот двајцата бевме среќни за победата и освоените бодови“ – изјави голманот на „петлите“.

Своја изјава за целата ситуација имаше и менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо. Тој порача дека уживал да ја гледа расправијата меѓу своите играчи.

„За мене инцидентот беше прекрасен. Ова сигурно беше последица на средбата која ја имавме пред неколку дена. Јас бев навистина критички настроен кон моите момци, бидејќи според мое мислење, тие не се доволно критични еден кон друг. Побарав да имаат поголеми меѓусебни барања еден од друг. Тоа беше ситуација во која дете како Сони, кое сите го сакаат, беше ставен под притисок од капитенот, тој почувствува дека нешто не е во ред. Со вакви работи расте тимот“ – рече Мурињо.

Тој посочи и дека на полувремето им кажал дека по оваа реакција, сигурен е дека во второто полувреме ќе се држат еден до друг и ќе бидат уште посилни.

Scroll to Top