Жозе Мурињо во разговор за „Скај Спорт“ открил дека бил изненаден кога му се јавил менаџерот на Немања Матиќ. Српскиот репрезентативец оваа сезона повоторно соработува со Мурињо откако Манчестер Јунајтед го купи од Челси за 40 милиони фунти.
Трансферот на Матиќ според аналитичарите на Островото е оценет како еден од најдобрите сезонава во Премиер лигата. Многу стручњаци беа вчудоневидени од потегот на Челси да го продаде Матиќ.
„Бев изненаден кога ми се јави менаџерот на Матиќ и кога ме праша дали го сакам во својот тим. Велам бев изненаден, но верував дека менаџерот најдобро знае каква е ситуацијата. Тој (Дејан Митровиќ) е многу директен и објективен и не троши времето залудно. Не е менаџер кој само сака да го зголеми интересот за својот играч за да му го подобри статусот во клубот. Тогаш веднаш му одговорив: ‘Да го сакам“, рекол Мурињо.
Јунајтед в недела (17:30 часот) ќе му гостува на Челси, а Мтиќ прв пат ќе игра против својот поранешен клуб.