Top Sport

Вандевеге и Гергес во финалето во Жухаи

Втората носителка, Американката Коко Вандевеге ќе се сретне со Германката Јулија Гергес во финалето на ВТА Елит трофеј турнирот во Жухаи, Кина, откако двете имаа идентични победи во два сета во полуфиналињата. Интересно, двете имаат и 2-2 меѓусебен скор.

Седмата носителка Гергес со 6:3/6:3 ја совлада Летонката Анастасија Севастова во првото полуфинале, пред Американката Вадевеге да ја надигра Австралијката Ешли Барти, која имаше одличен скор во азиската сезона.

Пред својата легендарна сонародничка и амбасадорка на турнирот, Штефи Граф, Гергес имаше 41 директна победничка топка, правејќи лесно брејк-топки за да се одмазди за поразот од Летонката во Мајорка во јуни.

Scroll to Top