Top Sport

Мурињо: Бонучи и Кјелини можат да предаваат одбрана на Харвард

По новото катастрофално издание на Манчестер јунајтед и поразот од 0:1 од Јувентус, Жозе Мурињо не можеше да не ги пофали искусните дефанзивци на „старата дама“, Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, кои 70 минути успеаја да ја „умртват“ играта на „ѓаволите“.

Мурињо, кој оваа сезона честопати се жалеше на сопствената одбрана и неуспехот да потпише со добар бек (вклучувајќи го и Бонучи), беше полн со пофалби.

„Г-динот Бонучи и г-динот Кјелини можат да одат на Харвард и да даваат лекции за централна одбрана. Фантастични, апсолутно фантастични“, изјави Мурињо во пофалба која сигурно не ја кажал за своите фудбалери.

Фото: ЕПА

Scroll to Top