Top Sport

Федерер си купил стар автобус, ќе вози низ Европа кога ќе се пензионира

Роџер Федерер, очигледно, почна со плановите за животот по тенисот. 37-годишниот освојувач на рекордни 20 гренд слем титули уште е активен на АТП турнејата, меѓутоа наскоро ќе патува низ Европа на малку поинаков начин.

Во интервју со швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“, Федерер открива дека купил „стар автобус“ и дека планира да шета низ Европа кога ќе се повлече.

„По крајот на кариерата, нема да лежам на каучот, тоа е сигурно. Неодамна си купив автобус од 1960-тите и ќе патувам со него. Европа е мала, така што сите места се достапни, а патувањето е полесно од било кога во историјата“, вели Федерер.

Тој вели дека и покрај тоа што честопати бил во Лондон, Париз, Ротердам, Виена, Минхен како тенисер, никогаш не успеал да ги види важните работи.

„Би сакал да ги посетам тие градови и земји каде што бев како тенисер, но сега опуштено и без притисок“, објаснува Федерер.

Scroll to Top