Top Sport

Мурињо: Браво за момчето што ги собираше топките (Видео)

Тотенхем изборија пласман во осмина-финалето во Лигата на шампионите. Синоќа со голем пресврт Тотенхем славеа над Олимпијакос со 4:2. Грчкиот тим по 11 минути водеше во Лондон со 0:2.

Новиот менаџер на Тотенхем Жозе Мурињо по мечот најмногу пофалил едно од момчињата што ги собираат топките. Исто така тој му се извинил на Ерик Дајер што морал од тактички причини да го замени во 30 минута.

Веројатно клучниот момент на мечот се случи во 50 минута кога момчето експресно му ја дофрли топката на Орие. Десниот бек од аут го исфрли по десната страна Лукас Моура, Бразилецот потоа му асистираше на Кејн за 2:2.

„Сакам кога момчињата што ги собираат топките се интелигентни, таков бев и јас. Бев брилијантен во таа улога, а ова момче исто така беше сјајно. Добро ја чита играта, ја разбира и направи важна асистенција. Тој не е тука само за да го гледа натпреварот, то ја живее играта. Се обидов да го повикам во соблекувалната да слави со нас но тој бил заминат од стадионот“, рекол Мурињо по победата.

Scroll to Top