Top Sport

„Сантијаго Бернабеу“ бурно го поздрави Кејлор Навас (Видео)

Кејлор Навас во финишот на летниот преоден рок од Реал Мадрид се пресели во Пари Сен Жермен. Синоќа тој со „светците“ гостуваше во Мадрид во натпревар од Лигата на шампионите.

Костариканскиот голман пет години го бранеше голот на Реал, во тој период освои вкупно 11 трофеи.

Против својот поранешен клуб Навас се прикажа во најдоброто светло, забележа десет интервенции.

Публиката на „Сантијаго Бернабеу“ знаеше како да го награди својот поранешен голман.

„Многу љубов ми покажаа навивачите на Реал. Од срце им благодарам, со нив имам доживеано неверојатни работи“, рекол по натпреварот Кејлор Навас.

Мечот во Мадрид заврши со резултат 2:2. На коло до крајот на фазата по групи ПСЖ и Реал од А-групата изборија пласман во нокаут-фазата.

Scroll to Top