Жозе Мурињо се пошегува дека Давид де Хеа не е ниту најдобриот голман во Манчестер јунајтед по блескавата партија во саботата против Арсенал, кога Јунајтед победија со 3:1.
27-годишниот Де Хеа имаше 14 одбрани за да дозволи само еден гол од блиску на Александер Лаказет за славна победа на „Емирати“. По ова тој го нарече Де Хеа „најдобриот голман на светот“, но сега на шега изјави дека тој голман кој тој ќе го избере да игра е најдобриот.
„Мојот голман секогаш е најдобриот голман на светот. Затоа сега, Давид е само третиот најдобар. Серхио Ромеро е број 1, Жоел Переира е број 2, а нормално, Давид е број три“, изјави Мурињо на прес-конференцијата пред дуелот во вторник против ЦСКА Москва во Лигата на шампионите.
Се верува дека ова е јасен показател дека токму Ромеро ќе го стартува дуелот со ЦСКА, кој на Јунајтед не му значи многу, бидејќи веќе се пласирани во осминафиналето на ЛШ.