Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги отфрли шпекулациите на англиските медиуми дека имал „вжештена средба“ со дефанзивецот Дени Роуз, по која тој бил исклучен од тимот за саботното реми без голови против Вотфорд.
Според „Дејли мејл“, Роуз побарал објаснување зошто не бил во составот за претходните мечеви, по што дошло до вербален конфликт.
„Несогласувања помеѓу мене и Дени? Не, моите односи со фудбалерите се добри и сакам да работам со мојата група. Тој не играше против Мидлзборо во ФА купот бидејќи имаме млад лев бек, Џафет Тананга, кој треба да го развиваме и тоа беше одлична шанса да игра покрај Рајан Сесењон. Исто така и поради тоа што Роуз не беше фантастичен против Ливерпул. Потоа добив порака дека тој има проблем со грбот и нема да теренира и затоа не играше и во Премиер лигата“, објаснува Мурињо.