Top Sport

Италијанскиот спусташки мајстор Парис ја заврши сезоната

Доминик Парис, еден од најдобрите спусташи на денешницата, ја завршува зимската сезона предвреме по повредата добиена при падот на супер-џи тренинг во Кицбил, Австрија, каде што викендов се вози легендарниот спуст.

Светскиот шампион во супер-џи, паднал на една кривина и ги скинал лигаментите во десното колено, а добил и скршеница на ногата, потврди Италијанската скијачка федерација.

„Мојата сезона завршува тука. За жал, додека се лизгав на патеката, внатрешната скија удри пресилно во снегот и се скинаа лигаментите. Нема што да се додаде“, изјави Парис.

Парис има три победи на славната Штрајф патека во Кицбил и беше еден од фаворитите за победа во сабота. Тој е втор во генерален пласман во спуст по двете победи на домашен снег во Бормио.

Scroll to Top