Top Sport

Мурињо е подготвен веднаш да го преземе Реал

Жозе Мурињо бил подготвен веднаш да седне на клупата на Реал Мадрид, пишува „Мундо депортиво“. Реал е в голема криза, а нештата во клубот не ги подобри ниту новиот тренер Сантијаго Солари, кој го замени Хулен Лопетеги.

Мурињо не успеа во својата мисија, во Манчестер Јунајтед, а обложувалниците сметаат дека тој е најсериозниот кандидат за клупата на Реал Мадрид.

Коефициентот на Португалецот за нов тренер на Реал е 2,50, а потоа следуваат Антонио Конте (3,50), Јоаким Лев (6,00) и Масимилијано Алегри (7,00).

„Жозе Мурињо кој пред неколку дена ја одби понудата од Бенфика, му кажал на претседателот на Реал, Флорентио Перез, дека нема никаков проблем веднаш да го преземе тимот“, пишува новинарот Франсеск Агилар и открива два услови што ги поставил Португлецот.

„Првиот е да му донесат централен дефанзивец, а вториот во клубот да пристигне докажан голгетер“.

Мурињо во минатото три години го предводеше Реал. Со „кралскиот клуб“ освои една шампионска титула, еден Куп у еден Суперкуп, а во Лигата на шампионите три пати испаѓаше во полу-финалето.

Scroll to Top