Top Sport

Јоновски ќе биде тренер и играч на Ратинген

Поранешниот македонски репрезентативец, Ацо Јоновски, играч на ракометниот клуб Ратинген, во иднина ќе има двојна функција во овој клуб.

Јоновски од 2017 година е играч на Ратинген, а во иднина тој ќе биде и тренер на оваа екипа.

Според информациите од Германија, Јоновски ќе работи со тимот на тренинзите, додека на натпревари бидејќи тој е и играч, од клупата екипата ќе ја предводи кондицискиот тренер Марсел Милер.

Инаку, Јоновски е еден од тројцата Македонци кои го носат дресот на Ратинген. За овој тим од минатото лето настапуваат Филип Лазаров и голманот Петар Ангелов.

Scroll to Top