Top Sport

Мурињо: Фернандеш е како дух на ЕУРО

Жозе Мурињо го критикуваше неговиот сонародник, Бруно Фернадеш, велејќи дека ѕвездата на Манчестер јунајтед е како „дух“ на ЕУРО 2020, кој зазема место на теренот, но не игра.

Новиот менаџер на Рома смета дека Фернандеш има „неверојатен“ потенцијал, но дека не ги покажува истите квалитети како со Јунајтед за репрезентацијата. Сепак, тој се надева дека денеска, на одлучувачкиот меч против Франција ќе има совршена шансас да го демантира.

„Португалија на највисоко ниво може да победи било кого. Но, мораме да играме со 11 играчи, а на овие два меча Бруно Фернандеш беше на теренот, но како да не играше. Се надевам дека ќе се појави против Франција, бидејќи е фудбалер со неверојатен потенцијал. Знае да додава, да дава голови, да изнудува пенали… Но, реално, на овие два меча како да не се појави. Имаме тројца фантастични фудбалери во нападот – Бернардо Силва, Кристијано и Диого Жота, но за тоа да функционира, мора и Бруно да игра“, вели Мурињо.

Португалија ќе обезбеди место во осминафиналето на ЕУРО ако избегне пораз од Франција. Ако победат, а Германија не ја совлада Унгарија, дури е можно и да го освојат првото место.

Scroll to Top