Top Sport

Мурињо ги броел титулите и заминал од прес конференцијата

Манчестер јунајтед загуби од Тотенхем 0:3, во последниот натпревар од третото коло во Премиер лигата. Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, на прес конференцијата говорел за титулите што ги освоил. Анализа што не е достојна за тренер од негов ранг.

Фудбалскиот свет веќе е навикнат на изјавите на Мурињо, дека тимот победува поради тоа што тој е добра тренер, а кога губи тоа го прави бидејќи тимот е лош.

„Изгубивме овде минатата сезона од Севилја и навивачите не исвиркаа. Беа во право, не бевме опасни, не бевме добри. Севилја ја заслужи победата. Вечерва изгубивме и играчите беа со овации испратени од соблекувалните бидејќи го заслужија тоа. Треба да се дава се од себе од натпревар во натпревар“, рекол Мурињо.

„Знаете ли вие кој беше резултатот? 3:0, 3:0. Знаете што значи тоа? Дали знаете што значи тоа? Значи три титули во Премиер лигата за мене. Имам повеќе титули во Премиер лигата од преостанатите 19 менаџери заедно. Три за мене, две за нив“, рекол Португалецот и ја напуштил прес конференцијата.

Scroll to Top