Top Sport

Флешинг Медоуз: Лесни победи за Серена и Азаренка

Серена Вилијамс избори пласман во второто коло на Отвореното првенство на САД со победата над Магда Линети од Полска.

Серена со тенисерката од Полска проблеми имаше само во првиот сет, кој усеа да го реши со еден брејк 6:4. Во вториот сет Серена ја демонстрираше својата моќ и со нула го доби овој дел од мечот.

Во второто коло Серена Вилијамс ќе игра против Германката Карина Витфет.

Првото коло успеа да го мине и Белорусинката Викторија Азаренка. Таа во два сета (6:3, 7:5) ја победи Викторија Кузмова од Словачка. Ова беше прв настап за двократната финалистка во Њујорк по пауза од три години.

Следна противничка на Азаренка ќе и биде 25. носителка Дарија Гаврилова.

Scroll to Top