Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, бил многу лут по елиминацијата од Купот на Италија. Интер, во четврт-финалето, ја победи Рома со 2:0.
Два дена по натпреварот, „Кориере дело Спорт“, објави што се случувало во соблекувалната на Рома.
„По мечот Мируњо никого не поштеди од критики. Им се обрати на фудбалерите, помошниците, клупскиот персонал, на сите што биле во соблекувалната. Никогаш не бил толку лут. Два часа претходно излезе на стадионот, на клубот со кој забележа неверојатен успех, а навивачите го пречекаа со овации“, стои во текстот на „Кориере дело Спорт“.
„Не знам зошто, кога играме против Интер, изгледама како го..а во првите десет минути. И зошто против Милан бевме по…ни во првите 10 минути. Ова се однесува на сите, никој не е изземен од ова. Сакам да знам зошто во последните две години, против големите клубови покажувавте дека сте мали. Ако сме мали и судиите ќе не третираат како мал клуб. Најголема мана која човек може да ја има е недостиг на храброст, немање ма…а. Ако се плашите од вакви натпревари, тогаш дете играјте во Серија Ц, каде што нема силни екипи, нема големи стадиони, нема голем притисок. Ви сте луѓе без ма…а. Таквите луѓе се најлоши“, наводно рекол Мурињо во соблекувалната.