Португалскиот тренер Жозе Мурињо смета дека борбата за титулата во Премиер лигата е завршена по само 12 кола. Синоќа Ливерпул го победи Манчестер сити со 3:1 и сега има осум поени повеќе од Лестер и Челси, односно девет од Манчестер сити.
„Верувам дека трката за титулата е завршена, евентуално доколку не се случи нешто драматично, мислам на повредите кај играчите на Ливерпул“, рекол Мурињо.
„Едноставно сите коцки му се наместија на овој тим. Верувам дека Сити можат да добијат седум, осум или девет натпревари во низа, но не гледам како Ливерпул ќе ја испуштат оваа предност“.
Ливерпул во досегашниот дел од сезоната испуштија само два бода, по 12 рунди од можните 36 тие имаат 34 поени.