Откако дел од италијанските медиуми минатото лето ги оценија Жозе Мурињо и Карло Анчелоти како тренери чија кариера е „завршена“, двајцата се подготвуваат за европски финалиња – Рома ќе игра во финалето на Конференциската лига против Феенор следната недела, пред Реал Мадрид да се соочи со Ливерпул на 28 мај.
„Проблемот со Карло е тоа што не можеше да освои титула од Лигата на шампиони со Евертон. Некои очекуваа да го освојам скудетото оваа сезона, но тоа не се случи. Не размислувам за новата генерација на тренери, туку за квалитетот кој нема врска со годините. Има добри фудбалери на 20 и на 40 години. Би сакал да видам некои од моите фудбалери да даваат голови како Фабио Кваљарела, кој има 40. За тренерите, годините не се важни, но ако ја немаш потребната страст, тогаш си готов. Кога не чувствуваш притисок пред вакви натпревари, тогаш си готов. Се познавам самиот себе и го познавам Карло многу добро. Ако некој чека да си одиме, ќе се изначека“, вели Мурињо.
Тој исто така ја отфрли можноста да стане Сер Алекс Фергусон на Рома со долг престој во италијанската престолнина.
„Фергусон остана во Ман јунајтед повеќе од 20 години. Тоа значи дека треба да сум тука до 79 години. Можеби би можел да останам до 70. Го сфаќам прашањето, уживам тука и сите го гледаат тоа. Прифатив тригодишен проект, да видиме што ќе се случи потоа. Нема да си одам пред да ми заврши договорот“, додаде Мурињо.