Top Sport

Австралискиот премиер собори дете на фудбалски тренинг

Австралискиот премиер, Скот Морисон при својата изборна кампања во Тасманија покажа дека е подобро да се држи до политиката, откако на фудбалски тренинг со деца успеа да собори едно дете.

54-годишниот Морисон беше дел од тренингот на У-8 тимот на Девонпорт Сити СЦ како промоција на грантот од 3.5 милиони долари за локалните училишта.

Инцидентот потсети на тој на британскиот премиер, Борис Џонсон кој во 2015 година при посета на Јапонија, собори едно дете играјќи рагби.

Scroll to Top