Top Sport

Мурињо го испофали Линделоф

Жозе Мурињо вели дека е импресиониран од начинот на кој шведскиот дефанзивец Виктор Линделоф се навикнал на работата во одбраната на Манчестер јунајтед.

Линделоф беше еден од подобрите играчи на Јунајтед при 4:2 победата на гостувањето кај Ватфорд во вторникот и Мурињо беше импресиониран. Швеѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ од Бенфика во текот на летото, по што беше критикуван за своите ужасни перформанси на стартот на сезоната.

„Виктор е многу брз, многу добро се навикна да игра во центарот, но и да ги контролира страните. Има агилност која многу централни бекови ја немаат и навистина сум импресиониран“, вели Мурињо.

Линделоф вреди 35 милиони евра? Навистина?

Scroll to Top