Тотенхем ќе се обидат да направат подвиг и да го донесат во Лондон капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, тврди британскиот „Ивнинг стандард“.
Договорот на капитенот на шпанската репрезентација со „кралевите“ завршува на крајот на сезоната и тој веќе од јануари е слободен да разговара со други тимови, иако претседателот Флорентино Перез би сакал да се обиде да го убеди да остане во шпанската престолнина.
Неодамна, Мадрид се договори со уште еден ветеран кому му истекува договорот, Лука Модриќ на едногодишно продолжување на договорот со намалена плата, но се верува дека Рамос сака да биде „награден“ со двегодишен договор и без намалување на платата.
Мурињо претходно ги прибра од „Бернабеу“, Герет Бејл и Серхио Регуилон, а сега би сакал засилување на својата одбрана со Рамос како лидер.