Жозе Мурињо не бил заинтересиран да го наследи Рафа Бенитез на кормилото на Њукасл. Бенитез не успеа да се договори со клубот околу новиот договор поради што замина од „Сент Џејмс Парк“.
Њукасл, кога Премиер лигата ќе ја одобри продажбата ќе добие нови сопственици, поради што со поголеми амбиции ќе влезе во наредната сезона. Мурињо беше посочен како предводник на новиот проект, меѓутоа тој ја одбил таа можност.
Португалецот рекол дека неговите и амбициите на клубот не се поклопуваат.
„Доколку некој ми понуди преубав десет годишен договор со цел да бидеме во горниот дел од табелата, односно дека совршено би било да сме седми, осми или деветти, тогаш таков договор не е за мене. Не сум таков по природа. Јас секогаш играм за да победам. Кога тоа не се случува тогаш тоа е проблем за мене, клубот, за целата структура. Секогаш играм за да победам, не е важно кој е противникот“, рекол поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал и Манчестер Јунајтед.