Top Sport

Мурињо го разбива „митот“ за повредите на Ливерпул

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно покажа дека е мајстор на „менталните игри“ во фудбалот, откако пред утрешното дерби со Ливерпул ги отфрли тврдењата на Јирген Клоп дека „црвените“ се во криза со повреди.

На Ливерпул ќе им недостасуваат неколку редовни првотимци, како дефанзивците Виргил ван Дајк и Џо Гомез, плејмејкерот Тијаго Алкантара и напаѓачот Диого Жота, додека во аут се и Жоел Матип, Џердан Шаќири и Џејмс Милнер.

Мурињо смета, дека освен Ван Дајк, кој е во аут повеќе месеци со повреда на коленото од октомври, другите повреди не се вредни за споменување.

„Алисон не е повреден. Александер-Арнолд не е повреден. Матип, верувам дека ќе игра. Фабињо не е повреден. Робертсон не е повреден. Хендерсон не е повреден. Вајналдум не е повреден. Салах не е повреден. Фирмино не е повреден. Мане не е повреден. Ван Дајк е повреден, и Ван Дајк е многу добар фудбалер, тоа е сигурно. Дајте ми ја листата на повреди на Ливерпул и споредете го со најдобриот тим на Ливерпул. Јас можам да ви дадам листа на повреди во Тотенхем. Има две деца од У-16 со повреди, двајца во У-21 и три во У-23. Ерик Ламела и Џафет Танганга се повредени. Но, дали е повреден Љорис? Не. Алдервајрелд? Не. Даер? Не. Регилон? Не. Кејн? Не. Сон? Не. Моура? Не. Тоа се нормални повреди како во секој тим“, вели Мурињо.

Scroll to Top