Top Sport

Мурињо го сака Ракитиќ во Тотенхем

По Атлетико Мадрид, Севилја, Наполи, Интер и Милан, голем интерес за услугите на хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ (32) покажа и лондонски Тотенхем. Хрватот неколкупати истакнува дека сака да го одработи договорот со Барса, по што ќе го напушти клубот, но дали клубот ќе сака да го испочитува тоа.

„Веќе 2 години се пишува за моето заминување од Барселона. За тоа ќе одговорам иско како и сега. За мене играњето во Барса е совршенство, исполнување на сонот. Затоа би сакал до крајот на договорот да играм и да уживам овде. Ако тоа не е можно, ќе седнеме и ќе договориме раскинување“ – рече Ракитиќ меѓудругото за „Мундо Депортиво“.

Ситуацијата со Ракитиќ ја следат бројни клубови, а Тотенхем со Жозе Мурињо на кормилото е најновата заинтересирана екипа за неговите услуги.

Мурињо полека ги „сложува коцките“ за идната сезона. Шпанските медиуми наведуваат дека тргнал во потрага по квалитетни играчи од средината на теренот, а Ракитиќ е на врвот на неговите желби.

Scroll to Top