Top Sport

„Џордан во животот се плашеше само од еден човек“

Документарниот филм на „ЕСПН“ насловен како „Последниот танц“ направен за кошаркарската легенда, Мајкл Џордан овие денови е една од главните спортски теми ширум светот.

Џордан, уште од првите денови во светот на спортот се чини беше бестрашен и беше невозможно да го исплашиш. Сепак, информациите се дека и на големиот Мајк не му било сеедно кога на теренот ќе се соочел со еден спортист кој не е кошаркар.

Баз Петерсон, колега и соиграч на Џордан од колеџот „Северна Каролина“ во разговор за медиумите во САД открива дека постоел еден човек кој знаел да го вознемири Мајкл, секогаш кога играле кошарка.

Петерсон посочи дека се работи з Лоренс Тејлор кој подоцна стана НФЛ легенда.

„Не знам дали Мајкл ќе признае или не, но се колнам дека му беше помалку страв од Лоренс. Иако не беше кошаркар, Лоренс беше феноменален спортист, побрз од било кого, можеше високо да скокне и да чува секого, имаше големи раце, беше јак и по малку луд. Мајкл си мислеше `Подобро да сум внимателен со типов`, а Тејлор баш него сакаше да го чува“ – раскажува Петерсон кој сега работи како генерален директор на Шарлот Хорнетс, тимот каде сопственик е токму Мајкл Џордан.

Тејлор во текот на својата кариера освои две Супер боул титули, а трипати е избран за најдобар одбранбен играч во лигата.

Целата НФЛ кариера ја поминал во Њујорк Џајантс, од 1981 до 1993 година.

Scroll to Top