Жозе Мурињо му ја соопштил првата желба за јануарскиот преоден рок на претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.
Португалецот сакал да го донесе во Тотенхем играчот со кого соработувал во Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини.
Поранешниот репрезентативец на Белгија во моментов е играч на Шандонг во Кина.
Не е тајна дека покрај Немања Матиќ, Фелаини е еден од милениците на Мурињо. Според англиските медиуми Леви ќе се обиде да му ја исполни желбата на својот тренер. Прашање е само дали Фелаини ќе сака да се врати во Премиер лигата.