Top Sport

Мурињо и тројца фудбалери тренирале во парк, ќе бидат казнети

Челниците на Тотенхем го предупредиле тренерот Жозе Мурињо и фудбалерите Тангиј Ндембеле, Дејвисон Санчез и Рајан Сесињон да ги почитуваат мерките пропишани од англиската влада додека трае пандемијата со коронавирусот.

Мурињо и тројцата фудбалери тренирале во еден парк во Лондон. Тренерот тренирал со Ндомбеле, додека Сесињон и Санчез трчале низ паркот. Овој потег наиде на жестоки критики во јавноста, а не е исклучено дека тие ќе бидат казнети од надлежните органи.

„Ги потсетивме сите играчи дека мора да ги почитуваат правилата. Ќе продолжиме да ја повторуваме оваа порака“, порачале од Тотенхем.

За потсетување сезоната во Премиерлигата е во мирување веќе еден месец поради коронавирусот и се уште нема информации кога таа би можела да продолжи.

Scroll to Top