Top Sport

Гарнет: Додека е змијата во клубот не сакам да ми го пензионираат бројот

Кевин Гарнет не е заинтересиран за идејата неговиот број да да биде пензиониран, се додека додека сопственик на Минесота Тимбервулвс Глен Тејлор.

Гарнет е легенда на Минесота, рекордер е на оваа франшиза според бројот на одиграни минути, постиганти поени, скокови, асистенции, украдени топки и блокади. Како играч на Тимбервулфс во 2004 година е прогалсен за МВП на регулраниот дел од сезоната.

Тој е единствениот играч во НБА лигата со забележани најмалку 25.000 поени, 10.000 скокови, 5.000 асистенции, 1.500 блокади и 1.500 украдени топки.

Пред неколку дена беше соопштено дека Гарнер ќе биде примен во Куќата на славните.

Гарнет не заборавил како Тејлор се однесувал кон него во 2016 година кога ненадејно почина поранешниот претседател Флип Сандерс.

По седум сезони што ги мина во Бостон и Бруклин, Флип Сандерс во 2015 година го врати Гарнет во Минесота. Тие планирале да станат малцински сопственици на франшизата.

Меѓутоа поради ненадејната смрт на Сандерс, Минесота го смени раководството, а Гарнет реши да се пензионира по напнатите преговори со Тејлор.

„Никогаш нема да му простам на Глен за тоа што ми го направи. Мислев дека е искрен човек и бизнисмен, но се исчезна кога почина Флип. Ги паметам годините во Минесота. Ги сакам Тимбервулвс, секогаш ќе ги сакам тие луѓе. Минесота и Минеаполис имаат посебно место во моето срце. Но во овој момент не сакам да има работа со Глен Тејлор, компанијата Тејлор и се што е поврзано со него. Со змии не соработувам“, рекол Гарнет.

Scroll to Top