Top Sport

Мурињо имал „пресметка“ со играчите на Сити во тунелот!

Играчите и персоналот на Манчестер сити и Манчестер јунајтед биле вклучени во жестока расправија во тунелот на „Олд Трафорд“ по која Жозе Мурињо останал намокрен, а Микел Артета добил исеченица над окото, објавува „Goal.com“.

Сити ја прославуваа големат победа од 2:1 во тунелот, кога Мурињо, на патот до прес-конференцијата, влегол во гостинската соблекувална. Се верува дека играчите на Сити имале пуштено музика и славеле откако се искачија на 11 поени пред Јунајтед на врвот на Премиер лигата. Мурињо сметал дека прославата е покажување на непочитување кон ривалскиот клуб и им порачал да се смират со коментар на португалски јазик кој донел лута реакција.

Се верува дека бразилскиот голман Едерсон се конфронтирал со Мурињо, по што повеќе играчи и членови на двата тима излегле од соблекувалните во тунелот, каде што имало туркање.  Тренерот на Јунајтед, Силвино Лоуро бил најжесток, заедно со по неколку играчи од двете страни, со голема вклученост на Ромелу Лукаку.

Според очевидците биле фрлени и неколку пластични шишиња, главно во насоката на Мурињо. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола не бил вклучен во инцидентот.

Сити владее во Манчестер и маршира кон титулата (Видео)

Scroll to Top