Top Sport

Сити владее во Манчестер и маршира кон титулата (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија градскиот ривал Манчестр јунајтед на „Олд Трафорд“ во дербито кое го обележа 16.коло во Премиер лигата. Екипата на Пеп Гвардиола целосно го надигра градскиот ривал и му го нанесе првиот пораз на домашен терен по пауза од 15 месеци.

Победата кај Манчестер јунајтед беше 14.во низа за „граѓаните“ со што тие поставија нов рекорд во англиското првенство. Ниту еден тим во историјата нема вакава победничка серија.

Манчестер Сити со оваа победа ја зголемија разликата над второтопласираниот Јунајтед на 11 бода и со крупни чекори одат кон шампионската титула.

Исто така овој дуел беше интересен и поради двајцата менаџери Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола. Шпанецот ја продолжи доминацијата бидејќи ја забележа деветтата победа во дуелите против Мурињо, кој има само четири победи против екипите кои ги предводел Гвардиола.

Трагичар на натпреварот на „Олд Трафорд“ беше 90 милиони евра платениот напаѓач на Јунајтед, Ромелу Лукаку кој на противниците им асистираше при постигнувањето на двата гола, а во 85.минута, од изгледна позиција, иако беше на само пет метри од голманот Едерсон не успеа да постигне гол.

Сити во целост го контролираше мечот, а до водство гостите стигнаа во 43.минута. По корнерот од десната страна, одбиената топка дојде до Давид Силва, кој беше сам во петерецот на Де Хеа и лесно ја спроведе топката во мрежата.

Јунајтед во финишот на првиот дел притисна кон голот на ривалот и во втората минута од судиското надополнување на времето, лошата реакција на Отаменди и Деф ја искористи Рашфорд кој го израмни резултатот.

Сити ја имаше иницијативата и во второто полувреме, која ја материјализираше во 54.минута. Јунјатед лошо го бранеше прекинот кој го изведе Силва, уште полоша беше интервенцијата на Лукаку, кој му ја намести топката на Отаменди за 2:1.

Јунајтед најдобрата шанса за израмнување ја имаше во 85.минута кога Едерсон од изгледни позиции ги одбрани ударите на Лукаку и Мата.

Scroll to Top