Top Sport

Мурињо ја најде вината за срамотниот пораз во петмина фудбалери

Според италијанските медиуми, Жозе Мурињо ќе казни пет фудбалери по катастрофалниот 6:1 пораз од норвешкиот Бодо/Глимт со тоа што ќе ги прати на трибините на мечот против Наполи денеска на „Олимпико“.

Рома беше посрамотена од норвешкиот клуб во Конференциската лига на УЕФА со еден од најтешките порази во историјата на тимот, и според „Калчомеркато“ Мараш Кумбула, Амаду Дијавара, Рикардо Калафјори, Гонзало Вилјар и Борха Мајорал ќе ја платат највисоката цена.

Петмината немаат повреди или суспензии, но нема да бидат достапни за првиот тим за „волчицата“ која има два порази минатата недела – од Јувентус и од Бодо/Глимт, а се среќаваат со Наполи, клуб кој нема пораз оваа сезона во Серија А.

Scroll to Top