Top Sport

„Битката на супер-тешкашите“ траеше 18 секунди – Пудјзановски го патосираше „Бомбардерот“

Поранешниот „најсилен човек на светот“, Појакот Мариуш Пуздјановски ја доби „Битката на џиновите“, откако во Лоѓ на КСВ 64 настанот, го победи сенегалскиот борач, Серињ Усман Да, попознат како „Бомбардер“ за само 18 секунди.

Во меч во кој двајцата фајтер имаа комбинирани речиси 300 килограми, „Бомбардерот“ прв нападна, а Пудјановски се повлече кон кафезот, пред со два удари да го прати противникот на подот. Брутално.

Дуелот на супер-тешкашите беше закажан за март оваа година, но Сенегалецот се повлече пред мечот поради напад на слепо црево, по што Пудјзановски го декласираше Србинот Никола Милановиќ.

Пудзјановски го „здроби“ Милановиќ, откако Усман доби напад на слепо црево!

Scroll to Top