Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, во свој стил го коментирал поразот на Аргентина од Хрватска (0:3) на мундијалот во Русија.
Најмногу критики од Мурињо добил голманот Вили Кабалјеро, кој е директен виновник за првиот гол на Хрватска.
„Јас или Кабалјеро на голот? Немаше да има никаква разлика, бидејќи и јас ќе го одбранев она што го одбрани Кабалјеро“, рекол Португалецот, кој работи како стручен коментатор на РТ.
Mourinho: “Cabellero in goal, or myself, would be the same because I would save the same as Cabellero.” Savage. ? #mufc [RT] pic.twitter.com/kkI4305zW3
— United Xtra (@utdxtra) June 21, 2018
Аргентина по поразот од Хрватска се наоѓа во тешка позиција и само чудо може да ги однесе „гаучосите“ во осмина-финалето.
Во последното коло Аргентина мора да слави против Нигерија, а во исто време Хрватска треба да го победи Исланд.