Top Sport

Ејтон прв пик, Дончиќ во Далас

Кошаркарот на универзитетот Аризона, Деандре Ејтон е избран како прв пик, од страна на Феникс Санс, на драфтот во Њујорк. Најдобриот Европеец, Лука Дончиќ, НБА кариерата ќе ја започне кај Дирк Новицки во екипата на Далас Маверикс.

Според најавите, Феникс не изненади со својот избор. Санси се решија за крилниот центар Ејтон, вториот пик го имаа Сакраменто Кингс и генералниот менаџер на овој клуб, Владе Дивац, се реши за крилниот центар од универзитетот Дјук, Марвин Бегли Третиот.

Словенецот Дончиќ, како трет пик, беше избран од Атланта Хокс, меѓутоа веднаш беше испратен во Далас. Атланта за Дончиќ го доби петтиот пик на Далас, плејмејкерот Треј Јанг и право на избор во првата рунда на наредниот драфт.

Дончиќ е трет европски играч кој е биран како трет пик по Енес Кантер (2011) и Пау Гасол (2001), а подобро позиционирани од овои тројца биле само Дарко Миличиќ (втор пик, 2003), Рики Смитс (втор пик, 1998) и Андреа Барнњани (прв пик, 2006).

Мемфис од четвртата позиција се решија за крилниот центар на универзитетот Мичиген стејт, Џерен Џексон јуниор, додека шестиот пик им припадна на Орландо Меџик. Центарот на универзитетот Тексас, Мохамед Бамба, ќе игра за Орландо.

Вендел Картер јуниор како седми пик е биран од страна на Чикаго Булс, а вицешампионите Кливленд Кавалирс од осмата позиција го избраа плејмејкерот на Алабама, Колин Секстон. Овој пик Кливленд го добија како дел од трејдот на Кајри Ирвинг во Бостон Селтикс.

По изборот Секстон му порачал на најдобриот играч на денешницата Леброн Џејмс дека треба да остане во Кливленд.

Деветти пик е крилниот играч на универзитетот Кентаки, Кевин Нокс. Тој е избран од Њујорк Никс, а пик број десет е Микел Бриџис од Виланова, тој е избран од Филалдлефија, меѓутоа веднаш е трејдуван во Феникс Санс.

На драфтот се појави и репрезентативецот на БиХ, Џанан Муса. Екс играчот на Цедевита како 29.пик го избраа Бруклин Нетс.

Scroll to Top