Жозе Мурињо е задоволен од формата на Алексис Санчез, кој конечно се приклучи на Манчестер јунајтед, но го искара сопствениот тим по досадното 0:0 реми со МЛС клубот Сан Хозе ертквејкс во Санта Клара.
Ова е второ реми на Јунајтед во САД, откако претходно одиграа 1:1 со Клуб Америка, пред да го одиграат првиот меч од Интернационалниот куп на шампиони (ИЦЦ) против Милан во Лос Анџелес во среда.
„Не сме тим, ние сме група на фудбалери од различни тимови. Некои се од нашиот прв тим, некои од У-23 тимот, некои на позајмица… Немаме тим да играме подобро, но имавме само една заедничка тренинг сесија“, вели Мурињо.
Ерик Баји упати еден удар со глава во пречката по нафрлувањето од слободен удар на Санчез во единствената вистинска шанса на Јунајтед. Чилеанецот Санчез се приклучи на тимот во петокот, откако имаше проблеми со визата.
„Санчез беше океј бидејќи работеше индивидуално да биде подготвен. Знаев дека физички ќе биде добар, и го покажа тоа еден час“, додава Португалецот.
Jose discussed the performances of @Alexis_Sanchez and @AndrinhoPereira following our #MUTOUR game with @SJEarthquakes. #MUFC pic.twitter.com/ibpMZ8gj5a
— Manchester United (@ManUtd) July 22, 2018