Top Sport

Мурињо ќе биде следниот тренер на Тотенхем

Една година по отказот што го доби од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, интензивно барал нова работа, пишуваат медиумите во Англија. Изминатите неколку месеци Португалецот работи како стручен коментатор.

Тотенхем би можел да биде следниот клуб во богатата кариера на Мурињо. Маурицио Покетино кој до почетокот на оваа сезона бележеше одлични резултати со Тотенхем се наоѓа пред отказ.

Тотенхем немаат победа на последните шест натпревари во Премиер лигата, а Покетино нема решение како да го раздвижи својот тим.

Мурињо во Англија во два мандати ги предводел Челси, три пати бил шампион, а победил и во ФА купот и три пати во Лига купот. Португалецот Лига купот и Лига Европа ги освоил со Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top