Top Sport

Реал го нудат Бејл и пари за Пол Погба

Зинедин Зидан нема намера да се откаже од трансферот на Пол Погба. Играчот на Манчестер Јунајтед до летниот преоден рок се поврзуваше со „кралскиот клуб“ меѓутоа цената од 160 милиони евра беше непремостлива прека во преговорите.

Зидан бил убеден дека трансферот може да го реализира во јануарскиот преоден рок, кога Реал би понудиле пари и еден фудбалер за Погба.

Сумата што би ја понудиле не е позната, но познато е дека играчот што би бил вклучен во трансферот е Герет Бејл.

Велшанецот не е во добри односи со тренерот, во финишот на летниот преоден рок му пропадна трансферот во Кина, а не крие дека сака да го напушти клубот.

Она што не е добро за Реал е што менаџерот на Јунајтед, Оле Гинар Солскјер, неколку пати потенцирал дека сака млади играчи во тимот и дека му е потребен класичен напаѓач.

Scroll to Top