Top Sport

Мурињо ќе го замени Мхитарјан со Марио Геце?

Откако Хенрих Мхитарјан одби да остане во Рома и најверојатно ќе потпише со Интер како слободен агент, Рома на Жозе Мурињо се надева дека ќе го замени со германскиот фудбалски херој Марио Геце.

Според „Калчомеркато“, 30-годишниот Геце, херојот на германската репрезентација од 2004 година, е сериозна опција, иако тој има договор со холандскиот ПСВ Ајндховен до јуни 2024 година. По настапите во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, Геце доживеа пад во кариерата со лоша форма и низа повреди, но се врати силно во холандската лига со 12 гола и 11 асистенции во 52 меча оваа сезона.

Неговиот трансфер би изнесувал скромни 5 милиони евра. Друга опција за Рома беше Иско од Реал Мадрид, но тој најверојатно би сакал да заврши во друг шпански клуб.

 

Scroll to Top