Top Sport

Мурињо ќе остане во Рома, го одби Њукасл јунајтед

Жозе Мурињо ги отфрлил шпекулациите дека тој ќе биде новиот менаџер на Њукасл јунајтед. Откако англискиот тим доби нови сопственици многу тренерски имиња се поврзуваат со англискиот клуб.

„Можам само да кажам дека многу години работев со една од најголемите личности во историјата на Њукасл, сер Боби Робсон. Поради тоа секогаш емоционално сум бил поврзан со градот, со клубот и неговите навивачи. Ништо повеќе од тоа“, рекол Мурињо.

„Њукасл? Решив дека ќе останам во Рома. Нема да го напуштам клубот, имаме заеднички проект на три години, не сакам да ги напуштам моите играчи“.

Scroll to Top