Top Sport

Мурињо ќе пазари по „дисконтни цени“

Жозе Мурињо е познат како менаџер кој бара од своите газди многу пари за трансфери на нови играчи. На почетокот на неговиот мандат во Тотенхем тој најави дека во јануари ќе се обиде да донесе двајца или тројца нови играчи. Според најавите тој веќе ги означил метите, но малку ќе избега од вообичаената пракса, нема да потроши голема сума на пари.

Во Англија се шпекулира дека Тотенхем во јануарскиот преоден рок ќе се обидат да ги донесат Евертон Соареш од Гремио и Бен Гадфри од Норич.

Евертон е репрезентативец на Бразил, беше најдобар стрелец на Копа Америка. Од лани тој е мета на неколку познати европски клубови. За еден од најдобрите играчи што настапува во бразилскиот шампионат Тотенхем ќе треба да издвојат 35 милиони фунти.

Гадфри од Норич игра во одбраната, има 21 година, а сезонава настапил на 15 натпревари, на два од нив бил капитен.

Тој имал договор со Норич до 2023 година, а медиумите пишуваат дека неговата цена била помеѓу 20 и 25 милиони фунти.

Scroll to Top